Екипата на Баерн од Минхен, видно уморна од трилерот во Лигата на шампионите против Јувентус, не се трудеше на гостувањето кај Келн и забележа минимална победа од 0-1 (0-1). Стрелец на единствениот гол беше Роберт Левандовски, кој го постигна 25 гол оваа сезона. До крајот, Баварците не се трудеа да нападнат, туку рутински, со пас игра, ја одржуваа предноста, која им донесе нови три бода.