Барселона и Еспањол со иста цел, но од различни причини влегуваат во 175. градско дерби. Двата табора најавуваат дека ги интересира само победата, а „блауграните“ бараат да ја задржат предноста во однос на Реал и да ја дочекаат Новата година како лидери во Примера, додека евентуалниот триумф на соседите би им дал огромна доверба на „сино-белите“ во борбата за опстанок, бидејќи се на само бод од зоната за испаѓање.