Последниот натпревар од 18. коло во Премиер лигата донесе победа за Евертон, кој пред своите гледачи на „Гудисон парк“ го совлада Свонси (3-1) и ја продолжи позитивната серија во домашниот шампионат. Гостите имаа можност за изненадување и поведоа, но „карамелите“ со пресврт и три гола во вториот дел се искачија во првата половина на табелата.
Фудбалерите на Челзи ан Антонио Конте покажаа голема слабост во одбраната, што ја чинеше екипата три бода против Свонси (2-2). Челзи доминираше, но на крај мораше да спасува бод, што беше и реален резултат.