Актуелниот светски првак, Франција, продолжува со многу проблеми да го подготвува Светското првенство и одрбаната на тронот. По Канте, Погба и Кимпембе, селекторот Дидие Дешамп остана без уште еден фудбалер кој нема да патува за Доха. Имено, во кампот на репрезентацијата во Клерфонтен, напаѓачот Кристофер Нкунку го повреди коленото и нема да биде ставен на списокот на патници за Катар.