Баерн Минхен синоќа направи сериозен исчекор кон титулата во Бундеслигата, откако славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 0-1. Мечот кој обично е „пекол“, поради преполните трибини и жестоките навивачи, овојпат без публика немаше иста природа, а го реши единствениот гол на Џошуа Кимих.