Екипите на Реал Мадрид и Ливерпул ќе ја затворат сезоната во клупскиот европски фудбал. Во финалето во Лигата на шампионите во Париз, англискиот и шпанскиот гигант ќе се борат за најпрестижниот клупски трофеј, а на денешниот медиумски ден во фокусот на медиумите беше одлуката на Килиан Мбапе да остане во ПСЖ, односно да не го засили Реал Мадрид.