Ерлинг Халанд синоќа го одушеви фудбалскиот свет, бидејќи постигна дури пет гола во победата на Манчестер Сити над РБ Лајпциг од 7-0. Сепак, во центарот на вниманието беше изјавата на поранешен играч на Челзи, Џејсон Канди, кој тврди дека Хари Кејн е подобар фудбалер од Халанд. Манчестер Сити се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но никој не очекуваше дека РБ Лајпциг ќе доживее ваков дебакл синоќа на „Итихад“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.