Старите навики од минатата сезона, поранешниот репрезентативец, Иван Тричковски ги пренесе и во новата. Капитенот и најдобар фудбалер на кипарски АЕК Ларнака се запиша во листата на стрелци на својот тим во победата над Омонија од 2-1, во рамките на првото коло на шампионатот на оваа земја.