Последна од петте најсилни европски лиги, стартува италијанската Серија А, а во неа има двајца македонски претставници. Со натпреварот меѓу шампионот Милан и Удинезе, ќе се крене завесата на уште една калчо сезона, која се надеваме ќе биде возбудлива како минатата. Лани, до самиот крај на кампањата, односно до последното коло миланските гиганти се бореа за тронот, кој на крајот заврши во „црвено-црниот“ дел од градот. Ељиф Елмас во Наполи и Илија Несторовски во Удинезе ќе ја бранат честа на мак-фудбалот во Италија и оваа сезона.