Раководството на македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер официјализира уште едно засилување, со кое значително ќе ја зацврсти одбранбената линија на тимот предводен од Димитар Капинковски.
Македонскиот дефанзивец Христијан Драгарски премногу брзо ја заврши епизодата во Албанија. По крајот на европските настапи, искусниот фудбалер ја напушта Теута и ќе бара нова средина.
Пелистер на домашен терен славеше над Вардар (2-0), но натпреварот можеше да има поинаков тек, да не беше интервенцијата на капитенот Христијан Драгарски, кој може да се прогласи за „јунак од сенка“ во триумфот на битолчани.
Академија Пандев и Пелистер одиграа атрактивно и возбудливо прво полувреме во Струмица, кое на крај им припадна на домашните фудбалери, кои на паузата заминаа со позитива од 2-1.
Есенскиот првак во Втората лига - Запад, битолски Пелистер доведе големо засилување непосредно пред крајот на преодниот рок и точно еден месец до почетокот на пролетниот дел од шампионатот. Во својот матичен клуб се врати Христијан Драгарски, поранешен младински репрезентативец и фудбалер со интернационално искуство.
Новиот прволигаш и екипата која минатата сезона се промовираше во тим кој настапува во елитната категорија, Струга Трим Љум денес се раздели со еден од стандардните дефанзивци во есенскиот дел на ПМФЛ.
Полуфиналистот на Купот на Македонија, прилепска Победа во вториот дел од шампионатот на Македонија ќе игра без двајца клучни фудбалери оваа есен. Имено, денес дефанзивецот Христијан Драгарски и фудбалерот за врска Ристе Маркоски спогодбено го раскинаа договорот со клубот и слободни се да бараат нова средина.
На два дена пред стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, македонскиот прволигаш Победа претстави уште две нови имиња кои треба да бидат засилувања на тимот за следната сезона во ПМФЛ.
26-годишниот дефанзивец Христијан Драгарски од следната сезона ќе го носи дресот на прилепска Победа, откако на истек од договорот го напушти матичниот Пелистер и се договори со вториот пелагониски ривал. Драгарски треба да биде големо засилување за одбраната на Тони Мегленски и прв новајлија од многуте кои ги најави клубот од под Марковите кули.