Антоан Гризман летово од Барселона се врати во Атлетико Мадрид, но според последните случувања многу веројатно одново ќе менува средина. Според медиумот „Fichajes“, за услугите на францускиот напаѓач е заинтересиран тимот на Тотенхем, откако Антонио Конте во него гледа како главен адут во новиот проект кој го градат лондончани.