Гонзало Игуаин ги поминува последните месеци во дресот на Јувентус. Аргентинскиот ас посакува да се врати во родната земја и да го облече дресот на Ривер Плата. Неговата заработка од 13 милиони годишно, вклучувајќи ги и даноците, е проблем за „старата дама“, која не ги добива посакуваните резултати од него. Во новата сезона одигра 34 меча и постигна само осум погодоци.