Еден од најдобрите голгетери во модерниот фудбал, Радамел Фалкао, ова лето се реши за нов предизвик во својата кариера и дресот на Монако го промени со оној на Галатасарај.
Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао од вечерва е нов фудбалер на турскиот шампион денеска Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Порто, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Монако, како слободен фудбалер ја одбра својата нова средина.
Најдобриот стрелец на колумбиската фудбалска репрезентација, Радамел Фалкао беше актер на смешен и необичен момент од пријателскиот меч со Јужна Кореја, кој Колумбија го загуби со 2-1.
Еден од најдобрите голгетери во модерниот фудбал, Радамел Фалкао, по неуспешната авантура во Премиер лигата каде ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед и Челзи пред две сезони се реши да се врати во „својот“ Монако.
Екипата на Монако ги минува најтешките денови во последните години, откако во новата сезона на Лига 1 бележи само очајни резултати и е во опасната зона за испаѓање.
Фудбалерите на Монако, во рамките на 16. коло од францускиот шампионат, на гостински терен славеа важна победа од 0-2 (0-1) против тимот на Амиен и побегнаа од опасната зона на табелата.
Фудбалерите на Монако продолжуваат со лошите резултати во францускиот шампионат, откако во првиот натпревар од 6. коло на „Луј Втори“ само ремизираа со Ним (1-1). Денешното реми сигурно на Монако сигурно дека ќе донесе и дополнителни потреси во тимот, кој веќе цели пет кола не знае за триумф во францускиот шампионат.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Радамел Фалкао, ова лето му бил понуден на Реал Мадрид. Искусниот колумбиски напаѓач во последно време се повеќе се поврзува со заминување од Монако.
Во вториот натпревар од воведното коло од француската Лига 1, Монако победи на гости кај Нант со 1-3 (0-0) и го расипа дебито на новиот тренер на домашната екипа, Мигел Кардосо.
Колумбискиот капитен и автор на вториот гол во победата против Полска, Радамел Фалкао, откри дека синоќа му се исполнила желбата која ја имал уште од детството. Да се постигне гол на Светско првенство е уникатно чувство и Фалкао не ги криеше силните емкоции.
Последниот натпревар од денешната програма од Светското првенство во Русија ни донесе прва колумбиска радост и тага и разочараност за полските фанови. Колумбија конечно одигра како што најдобро знае и повеќе од заслужено со високи 3-0 (1-0) ја нокаутира Полска и остана во игра за елиминациона фаза. Полјаците пак, со овој нов неуспех остануваат на последната позиција на табелата во групата Х и дефинитивно остануваат без никакви шанси за место меѓу 16-те најдобри на светот.
Франција и Колумбија на „Стад Д'Франс“ во Париз одиграа одличен натпревар со пет погодоци, кој на крајот заврши со пресврт победа на Колумбијците од 2-3 (2-1).
Еден од најдобрите голгетери во последната деценија и капитен на Монако, Радамел Фалкао, ќе мора одреден период да биде надвор од фудбалскиот терен, а причината е ситна повреда на левата нога.
Позната е приказната за Радамел Фалкао во Манчестер Јунајтед, кога не личеше на самиот себе и промашуваше зицер скоро на секој натпрревар. Неговата епизода во Премиер лигата е минато, а сега повторно ја врати голгетерската форма во Франција, во дресот на Монако.
Екипата на Монако е најголемото разочарување во новата сезона на Лигата на шампионите. Францускиот шампион, вечерва забележа уште еден срамен пораз, откако со убедливи 5-2 загуби на гости кај екипата на Порто.
Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао игра во животна форма на стартот од новата сезона во која со пеналот против Каен стигна до бројката од 13 постигнати гола. Во Франција е неприкосновен на листата на стрелци, а исто така е голем фаворит за освојување на „Златната копачка“.