Ерлинг Халанд без сомнение е еден од најдобрите светски фудбалери во моментов и игра сезона за паметење во Манчестер Сити. Но, доколку не успееше како фудбалер, Халанд точно знаеше што ќе правеше во животот, а никој не беше подготвен за ваков одговор. Норвешкиот голгетер минатото лето ја напушти Борусија Дортмунд и потпиша за Манчестер Сити во трансфер вреден „само“ шеесет милиони евра и се покажа дека го направи најдобриот можен потег.