„Кнезовите“ се во одлична форма, имаат три победи во сите натпреварувања или дури пет во домашното првенство, а сега имаат можност да направат огромен чекор кон нокаут фазата од Лига Европа. Трабзон на Енис Барди од почетокот на сезоната осцилира, не успева да фати континуитет на добри игри, а меѓу овој и мечот со Касимпаша во последното коло имаше само два дена пауза. Избраниците на Филип Клеман би можеле да го искористат тоа и да го крунисаат позитивниот момент во кој се наоѓаат.