Како што пренесуваат италијанските медиуми, Един Џеко од следната сезона ќе биде дел од Премиер лигата. Според нив, Босанецот веќе ги договорил личните услови со тимот на Вест Хем, а бидејќи неговиот договор со Рома истекува во 2020 година, челните луѓе на римскиот тим се подготвени да го ослободат за 20 милиони евра.