Фудбалската репрезентација на Италија е на само еден чекор до освојување на европската титула. „Аѕурите“ уште еднаш докажаа дека никогаш не смеат да бидат ставени во втор план кога се работи за еден голем фудбалски собир, но сега пред себе ќе го имаат најголемиот предизвик, затоа што во финалето ќе се сретнат со домаќинот Англија.