Екипата на Арсенал направи огромен чекор назад и многу лесно може да остане без место во Лигата на шампионите следната сезона. На гостувањето кај Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“, избраниците на Микел Артета одиграа лош натпревар и загубија со 2-0.
Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака ќе паузира три месеци поради незгодна повреда на десното колено која што ја заработи на натпреварот против Тотенхем.
Лондонски Арсенал е пред нов, трет во низа, пораз во Премиер лигата. Кризата во редовите на „топџиите“ ја продлабочи Манчестер Сити, кој по само 45 минути игра на „Итихад“ има водство од 3-0.
Екипата на Рома бара нови засилувања, а една од метите е еден од хероите на Швајцарија на ова Европско првенство (ЕП), тоа е Гранит Џака од редовите на Арсенал.
Фудбалската селекција на Швајцарија го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од Европското првенство, затоа што го елиминира фаворитот Франција, кој на овој собир допатува како актуелен светски шампион.
Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака, вели дека во одредени моменти се чувствува како жртвено јагне и дека е критикуван многу повеќе од останатите играчи на лондонскиот гигант.
Гранит Џака беше „трагичар“ во поразот на Арсенал дома од Барнли (0-1) бидејќи го остави тимот на цедило во последниот половина час од мечот и доби црвен картон.
Гранит Џака доби критики од страна на фановите на Арсенал, бидејќи застана во одбрана на Езџан Алиоски. Македонскиот фудбалер беше виновникот поради кој Николас Пепе заработи црвен картон и порано го заврши мечот на „Еланд Роуд“.
Гранит Џака, фудбалерот кој настапува за Арсенал, по инцидентот на натпреварот против Кристал Палас (2-2), дуел на кој влезе во конфликт со навивачите, излезе со официјално писмо кое го пренесе интернет-страницата на „топџиите“.
Гранит Џака како капитен го предводеше Арсенал на неделниот натпревар на „Емирати“ против Кристал Палас, кој заврши со ново разочарување за домашните фанови и реми од 2-2.
Иан Рајт, легендата на Арсенал, го критикува однесувањето на Гранит Џака на натпреварот против Кристал Палас (2-2) и истакна дека навивачите заслужуваат извинување за неговите недолични гестови.
Гранит Џака го навлече гневот на навивачите на Арсенал во ремито против Кристал Палас (2-2), затоа што додека го напушташе теренот, на свирежите од трибините на „Емирати“ реагираше со пцовки и со соблекување на дресот на англискиот премиерлигаш.
Арсенал игра незадоволително во Премиер лигата, прокоцка два гола предност и само ремизира со Кристал Палас (2-2), а на мечот на „Емирати“ на удар се најде капитенот Гранит Џака.