Екипата на Саутемптон откако пред неколку денови го елиминира Ливерпул во полуфиналето од Лигата Купот на Англија, вечерва не успеа да направи уште едно изненадување, овој пат во рамките од 4. коло на ФА Купот. „Светците“, иако играа на домашен терен, со убедливи 0-5 (0-3) беа поразени од денес разиграниот Арсенал.