Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски е еден од тројцата новоповикани во А-селекцијата на Македонија. Поради бројните проблеми со повредени играчи, селекторот Игор Ангеловски за клучниот дуел со Ерменија беше приморан да повика нови фудбалери, меѓу кои се најде и најдобриот вардарец.