Репрезентацијата на Македонија се врати на победите во Лигата на нациите и по трите ремија, победи дома против Естонија со 2-1 (1-0). Избраниците на Ангеловски поведоа со голот на Тричковски, а израмни Сапинен. Сепак, одличната партија во продолжението и многуте шанси кои ги спаси голманот Хеин доведоа до гол на Стојановски за победа.