Во дербито на „Градскиот стадион“ во Тетово, Ренова извлече реми против фаворизираната Шкендија (2-2) како гостин, продлабочувајќи ја кризата на градскиот ривал. Трет натпревар во низа шампионот не знае за победа, па сега заостанува високи седум бода зад лидерот Вардар.