Македонскиот прволигаш Силекс ги направи првите чекори во летниот трансфер период. Кратовчани спогодбено се разделија со дефанзивецот Филип Миленковски. 29-годишникот реши да замине и да потпише со Брегалница од Штип. Миленковски е продукт на школата на Пелистер и во оваа екипа настапуваше пред минатото лето да се приклучи на „црвено-сините“ од Кратово.