Откако е скоро готов трансферот на десниот бек на Барселона, Дани Алвес, во Јувентус, тамошните медиуми објавија податок во кој се прикажани сите ѕвезди кои преминаа во последниот период во „старата дама“ за без пари. Пол Погба, Андреа Пирло, Патрис Евра, Андреа Барзаљи, Сами Кедира, Кингсли Коман, Фернандо Љоренте, Нето и Дани Алвес. Сите овие фудбалери преминаа во клубот од Торино како слободни агенти, поточно за нив Јувентус потроши точно НУЛА евра.