Перфектната недела на Олимпик Марсеј заврши со победа на теренот на Клермон, во вториот денешен натпревар од 23. коло на Лига 1. Составот на Игор Тудор, на крилата на победата во Купот на Франција против ПСЖ со 2-1, извојува победа од 0-2 (0-1) и се доближи на само пет бода до лидерот.