Македонскиот фудбалер Лазар Пеев во новата година ќе има нов клуб. Играчот од средниот ред се раздели со второлигашот Гостивар и е во потрага на нова средина.
Екипата на Силекс бележи перфектен старт во Втората лига - Запад (ВМФЛ) и е единствена од второлигашите со максимален учинок. Кратовчани забележаа четири победи на четири натпревари и се апсолутни лидери во шампионатот.