Со супер-гол во судиското надополнување, македонскиот интернационалец Ердон Даци му донесе победа на својот тим во белгиската втора лига. Вестерло славеше против Ломел со гол на Даци во 93. минута.
Македонскиот офанзивец Ердон Даци промени средина во последниот периоден рок и како што изгледа таа добро му годеше, затоа што игра врвно во дресот на Вестерло.
Македонскиот фудбалер Ердон Даци ја напушти Турција по долго време и има нова средина. Кариерата ќе ја продолжи во Белгија, во лидерскиот тим во второлигашкиот ранг.
Вечерва со средбата меѓу Ризерспор и Фенербахче започнуваат возбудувањата од турската Суперлига. Поради коронавирусот, оваа сезона наместо стандардните 18, во елитата ќе играат 21 екипа.
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) не дозволи македонскиот фудбалер Ердон Даци да се пресели во Шкупи и една година да мине на заем во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Македонските фудбалери Адис Јаховиќ и Ердон Даци имаа одличен натпревар во Турција за своите тимови и постигнаа голови за екипите на Коњаспор, односно Ескишехирспор.