Екипата на Наполи славеше на тешкото гостување кај Аталанта со 1-3 (0-2), во еден од дерби натпреварите на 31. коло во Серија А. Избраниците на Лучијано Спалети ја одработија својата задача и го префрлија притисокот врз ривалите. Со погодоците на Инсиње и Политано во првиот, како и Ељиф Елмас во вториот дел, Наполи го засени противникот.