Екипата на Брегалница и официјално ја исполни целта, го обезбеди првото место во ВМФЛ - Исток, а со тоа си „чекира“ билет за елитниот ранг на мак-фудбалот. Штипјани на убедлив начин се лидер во лигата, без пораз и со само две ремија, а за тоа зборуваше и Кристијан Ацковски. Фудбалерот за врска во разговор за Gol.mk нагласи дека Брегалница во секој натпревар сезонава сака победа, а нова мини-цел е да се заврши без ниту еден неуспех.