Јован Попзлатанов го замени црвено-црниот дрес на Вардар со синиот на летонски РФС. Заедно со капитенот Дарко Мицевски, од Скопје се пресели во Рига, Летонија. За него, ова е прв меѓународен предизвик, откако во Македонија играше за Тетекс, Пелистер и Вардар.