Видно засилената Шкендија се наоѓа пред првиот сериозен европски тест. Иако и во подготовките играше со силни балкански и европски ривали, тимот на Артим Шаќири се соочува со една од најдобрите ерменски екипи.
Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски наредната сезона ќе ја игра во дресот на Шкендија. Напаѓачот по три години се враќа во македонскиот шампионат и ќе го засили тимот од Тетово.
Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски доби шанса во тимот на Горица од првата минута и максимално ја искористи, со гол за победа против Шибеник (0-1).
Македонскиот интернационалец, Влатко Стојановски го постигна својот дебитантски гол во дресот на Горица во победата против третолигашот Младост Ждралови (2-0).
Фудбалерите на Горица по две победи во низа, запишаа шокантно реми против „фенерџијата“ во лигата Хрватски Драговољац (1-1), во рамките на осмото коло во ХНЛ.
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од денес официјално се врати во Хрватска и ќе игра за екипата на Горица. 24-годишниот напаѓач кој беше дел од Македонија на Европското првенство (ЕП) ги финализира сите детали и потпиша договор со тимот од ХНЛ-лигата до 2024 година. Доаѓа како слободен, откако претходно го раскина договорот со француски Ним.
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од денес официјално се врати во Хрватска и ќе игра за екипата на Горица, објави клубот на својата интернет-страница.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски си заминува од Франција. Дојде со големи очекувања од Ренова, но не ја доби вистинската шанса, па следи трансфер во Хрватска каде ќе ги брани боите на Горица.
Иако се шпекулираше дека Влатко Стојановски нема да добие дозвола да допатува во Македонија, сепак младиот напаѓач му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојните предизвици во квалификациите за Светското првенствои во 2022 година.
Влатко Стојановски, младиот голгетер на Ним, кој моментално игра на позајмица во Шамбли, повторно се најде на списокот на македонскиот селектор Игор Ангеловски, за почетокот на квалификациите за Светското првенство во Катар, следната година.
Покрај квалитетот на првиот тим, за успех на еден тим секогаш е потребно да има и добра и квалитетна клупа, која кога ќе добие шанса за докажување, да го даде максимумот и да ја направи потребната разлика на теренот.
По целосна иницијатива од дваесетина минути и 3-4 изразити шанси пред 18-годишниот естонски голман Хајн, Македонија ја врати предноста против својот попладневен противник. Во 68. минута Влатко Стојановски ја искористи својата втора шанса откако влезе во игра.
Единствениот македонски фудбалер кој настапува во француските професионални лиги, Влатко Стојановски во интервју за „Ле Паризиен“ откри каква шанса е пред националниот тим во финалето на Лигата на нации.
Македонија ги започна подготовките пред средбата со Косово од плеј-офот за пласман на Европското првенство. Селекторот Ангеловски веќе прозиваше и одржа тренинг во Скопје, каде целиот тим е на куп освен Енис Барди кој вечерва ќе пристигне.