Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер, откако се реши повторно да го носи дресот на „црвените ѓаволи“: Португалскиот ас поради акумулација на картони нема да може да настапи на следниот натпревар на својата селекција во квалификациите за Светското првенство во Катар, па порано од очекуваното пристигна во Манчестер, каде е во петдневен карантин.