Екипата на Манчестер Јунајтед доживеа ново разочарување, откако на својот „Олд Трафорд“ беше елиминирана од осминафиналето во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид славеше на со минимални 0-1, што им беше доволно за пласман меѓу осумте најдобри. Иако „ѓаволите“ важеа за фаворит, не успеаја да го скршат отпорот на четата на Симеоне и беа исфрлени од натпреварувањето.