Томислав Шокота е пензиониран хрватски фудбалер кој во активната играчка кариера со голем успех играше за Динамо Загреб, а потоа и за португалска Бенфика. Напаѓачот беше дел од „модрите“ во два наврата, а потоа имаше забележителен успех и во Бенфика, каде успеа во две сезони да забележи 22 погодоци.