Супер-дербито на актуелниот првак и најголемиот претендент за трофејот оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Шкендија понуди прв дел без погодоци. Во одлична атмосфера на стадионот „Чаир“, голманите имаа главна улога на двете страни. Костадин Захов и Кристијан Наумовски се најголемите „виновници“ за егалот без голови на пауза.