Во рамките на 20. коло на ПМФЛ, на стадионот под „Тумбе кафе“, фудбалерите на Пелистер го пречекаа тимот на Работнички и на крајот славеа голема победа од 3-2 (2-1). Битолчани со денешниот триумф воедно и ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа и со новите три бода се израмнија на табелата со Ренова и Победа.