Мартин Мирчевски ги одигра последните 30 минути од градското дерби меѓу Вардар и Шкупи (1-0) и со потезите во офанзивата покажа дека ќе биде големо засилување за македонскиот шампион.
Македонскиот прволигаш Беласица утрово ги претстави своите нови имиња за пролетниот дел од сезоната на Првата македонска фудбалска лига. Струмичани ги засилија трите линии, а меѓу новите фудбалери имаше и двајца интернационалци, кои доаѓаат од Бразил и Србија.
Поранешната голема надеж на битолскиот фудбал, Мартин Мирчевски, ова лето се реши за интернационална кариера, и дресот на Беласица го промени со оној на Трепча 89, каде бележи одлични партии и веќе постигна четири гола.
Младиот 21-годишен плејмејкер, Мартин Мирчевски ќе ја зголеми македонската колонија во Косово, откако потпиша договор со Трепча до крајот на сезоната. Битолчанецот им се придружи на Гуцев и Бујчевски, кои минатата недела го ставија потписот на договорот со овој амбициозен проект.
Иако одигра одлична полусезона и постигна десет гола во походот на Беласица кон првата лига, младиот напаѓач Мартин Мирчевски го напушти новиот прволигаш, откако не најде заеднички јазик со управата на клубот за продолжување на договорот.