Првиот натпревар на аргентинско тло по освојувањето на светската титула е вистинска забава. На преполниот „Мониментал“, Аргентина игра пријателски натпревар против комбинираната репрезентација на Панама.
Изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за најдобри во годината веќе неколку години е издвоен од изборот за „Златна топка“ на „Франс фудбал“. Новоформираниот бренд „Тhe Best“ е комбинација од гласовите на селекторите и капитените на сите светски репрезентации и по еден новинар од сите членки на ФИА:
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на гала-вечер во Париз ги прогласи најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, а наградите заминаа во рацете на Лионел Скалони и Сарина Вигман.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, откако ја предводеше репрезентацијата до триумф на Светското првенство во Катар минатата година, го продолжи договорот со „гаучосите“ до 2026 година, објави аргентинската фудбалска асоцијација (АФА),
Интернационалната фудбалска федерација (ФИФА) вечерва соопшти дека Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола влегле во потесниот круг на кандидати за најдобар тренер во 2022 година. ФИФА потсети дека покрај Скалони, Анчелоти и Гвардиола, кандидати за тренер на годината беа Французинот Дидие Дешамп и Мароканецот Валид Реграги.
Репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција по изведување на пенали во финалниот натпревар на Светското првенство во Катар и по третпат го освои трофејот.
Во недела од 16:00 часот на стадионот „Лусаил“ во Катар ќе започне финалето на досега најчудното и најдолгоочекувано Светско првенство. Дуелот меѓу Аргентина и Франција секаде некако неправедно се најавува како дуел меѓу Лионел Меси и Килијан Мбапе. Но, така не мисли селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.
Аргентинскиот селектор Лионел Скалони живее посебни денови. На помалку од 24 часа пред финалето на Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Франција, тој одговараше на секакви прашање на прес-конференцијата, а во еден момент дури и се расплака.
По шести пат во својата иссторија Аргентина ќе игра финале на Светско првенство. По осум години и несреќниот пораз по продолжение од Германија, „гаучосите“ пак се вратија во натпревар за титула.
Фудбалската репрезентација на Аргентина ја очекува дуел со вицепрвакот на Светското првенство, Хрватска, во рамките на полуфиналето во Катар. Лионел Меси и соиграчите целат кон трофејот, ама треба да го победи незгодниот хрватски тим.
Фудбалерите на аргентинската репрезентација го победија Мексико со 2-0 во второто коло од групата Ц на Светското првенство во Катар. Аргентина го започна Светското првенство со пораз од 1-2 од Саудиска Арабија и синоќа мораше да победи за да остане во игра за пласман во осминафиналето. Головите на стадионот „Лусаил“ ги постигнаа Меси во 64. минута и Енцо Фернандез во 87. минута.
Вечерва легендарниот англиски стадион „Вембли“ ќе биде домаќин на третото „најголемо финале – Финалисима“ меѓу европскиот и јужноамериканскиот фудбалски шампион.
Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони ја изненади јавноста со стартниот состав за финалето на Копа Америка против Бразил. Имено, и покрај песимистичките најави, дефанзивецот Ромеро се најде во стартниот тим, а Пецела остана на клупата. Од натпреварите од нокаут фазата измена е и враќањето на Ди Марија за сметка на Нико Гонзалез.