Фудбалерите на Рома тешко ја скршија Сампдорија, која добро парираше во престолнината, но загуби со 3-0 во Серија А. На овој натпревар дојде до една специфична ситуација, во која Жозе Мурињо покажа величина и застана во одбрана на Дејан Станковиќ, кој беше на мета на вербални навреди од страна на „романистите“.