Младиот холандски фудбалер Чави Симонс е голем талент кој потекнува од школата на Барселона. Тој никогаш не доби шанса за настап во првиот тим на каталонците, а потоа настапуваше и за младинците на ПСЖ.
Еден од најперспективните млади фудбалери на денешницата, Чави Симонс, дебитираше во сениорскиот состав на ПСЖ. Парижани минимално го добија француски Сошо со 1-0, а 17-годишникот мина нешто помалку од 20 минути на теренот.