Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров рано стигнаа до предност против прилепска Победа, преку офанзивецот Сефер Емини, меѓутоа гостите во Скопје бргу се вратија во игра преку Атдхе Мазари.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски официјално ги започнаа подготовките за претстојните мартовски натпревари од квалификациите против Србија и Фарски Острови.
Екипата на Македонија Ѓорче Петров има убедливо водство по првите 45 минути против Струга Трим Љум. „Лавовите“ играат полетно покрај езерото, а својата одлична игра ја крунисаа со три гола во противничката мрежа.
Сефер Емини донесе радост за Македонија Ѓорче Петров на гостувањето „Под Тумбе Кафе“ во Битола против Пелистер уште во раната фаза, а погодокот кој го постигна во мрежата на „зелените“ беше мајсторски.
Членот на младинската репрезентација на Македонија, Сефер Емини, беше претставен како нов фудбалер на Акрон Тољати и го имаше првиот тренинг со екипата.