Трансферот во Казахстан пропадна во последен момент, па македонскиот фудбалер Томче Илиев сè уште е во потрага по нова средина. Искусниот бек, откако по крајот на полусезоната во ПМФЛ се раздели со Академија Пандев. Струмичанецот разгледуваше опции каде ќе ја продолжи кариерата, а на крај се реши за интернационален предизвик и беше пред потпис со тимот на Аксу.