Фудбалерите на Ливерпул разочараа и во второто коло на Премиер лигата, играјќи 1-1 со Кристал Палас. Откако во првата рунда избегнаа пораз од Фулам на гости, сега и на „Енфилд“ ги разочараа навивачите. Најголемото разочарување беше Дарвин Нуњез, засилувањето од Бенфика. Младиот фудбалер не издржа под притисок, по еден вербален и малку физички дуел со Јоаким Андерсен, Нуњез загуби контрола и заработи црвен картон.