Во првите денови од новата година, македонскиот прволигаш Брегалница го ангажираше и првото засилување за пролетниот дел од шампионатот. Нов фудбалер на „сините“ е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Калпачки кој доаѓа од редовите на Скопје.