Томе Пачовски

Томе Пачовски
  • Томе Пачовски е нов тренер на голманите во репрезентацијата!

    Томе Пачовски, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, е назначен за нов член во стручниот штаб на најдобрата наша селекција како тренер на голманите.

  • Пачовски: Пандев потврди дека е феномен, третото место е успех

    Кога пред неколку години се прости од Вардар и од професионалниот фудбал, јавноста имаше впечаток дека уште може да брани, да биде компетитивен и избрза со завршување на кариерата. Репрезентативниот голман со најдолг стаж во дресот со државниот грб, Томе Пачовски се врати во Белгија, каде што живее со своето семејство.

  • Пачовски заминува во пензија: Сон ми е проштален натпревар во Битола!

    Еден од најдобрите македонски голмани во историјата, репрезентативецот со децениски стаж во дресот со државниот грб, Томе Пачовски ќе ја заврши својата професионална кариера на истекот на договорот со Вардар. Човекот кој запиша 48 репрезентативни настапи за националната репрезентација в недела со дуелот против Шкупи ќе стави точка на својата кариера.

  • Пачовски: Попов има страшен шут, кога ни шутира на тренинг „бегаме“ од голот

    Актуелниот македонски фудбалски првак, екипата на Вардар и оваа сезона сака титули. Ова го откри Томе Пачовски, искусниот голман кој ги брани црвено-црните бои. Битолчанецот во интервју за Вардар ТВ откри нешто повеќе за почетоците на неговата кариера, неговиот прв гол, целите на Вардар за оваа сезона, но исто така откри и интересен податок - кој фудбалер има најсилен шут во првенството.

  • Попов и Пачовски грицкаа нокти и стегаа палци, па славеа со соиграчите

    За професионалите фудбалери најтешко е кога наместо на теренот ќе бидат на трибините, посебно на вака важен меч како денешното дерби меѓу Вардар и Шкендија. Така Горан Попов и Томе Пачовски од трибините емоционално го доживуваа секој момент од дуелот кој Вардар го доби со 3-0.

  • Пачовски: Нема да се опуштиме додека не ја освоиме титулата

    Томе Пачовски застана на голот на Вардар на мечот против Шкендија и покра болките на прстот и тоа беше вистинска одлука. Неговото искуство и интервенциите во вториот дел го спасија Вардар и му дадоа ментална сила на екипата да издржи по притисокот на Шкендија. Сепак искусниот 35-годишен голман напоменува дека екипата нема да се опушти додека не стигне математичка потврда на титулата.

  • Пачовски: Убеден бев дека Вујчиќ во вториот пенал ќе шутира лево, и погодив во изборот

    Ако по натпреварот во Турново, многумина го критикуваа, искусниот голман на Вардар, Томе Пачовски пак се издигна и го спаси Вардар од пораз во Велес на мечот со градскиот ривал, Работнички. Да не беше битолчанецот, веројатно алармот на криза во нашиот најтрофеен клуб ќе беше вклучен заради серијата на порази од Хоризонт Турново и Шкендија (два пати). Но вториот одбранет пенал на Вујчиќ го смири „пожарот“ во вардаровиот табор.

  • Пачовски го спаси Вардар од пораз од Работнички

    Во натпревар со чуден тек на настаните, Работнички и Вардар играа без победник, 1-1 на стадионот во Велес, со што борбата за есенската титула останува отворена. Вардар прокоцка можност да триумфира, а на крајот од мечот, можеше и да загуби, па треба да му се заблагодари на голманот Пачовски, што извлече реми против дебармаалци. 

  • Нов бран на македонски тренери: Доаѓа времето на Новески, Пачовски, Здравков, Мегленски...

    Центарот за Едукација на тренери при ФФМ деновиве во спортскиот центар на Хотел Истатов во Нов Дојран го одржа првиот дел од курсот за добивање УЕФА А тренерска диплома.