Македонскиот фудбалски стручњак, Гоце Седлоски ја понесе одговорноста за лошата форма на екипата на Шкупи и си поднесе оставка од функцијата прв тренер на екипата. 48-годишникот реши дека е време да замине откако не успеа со Шкупи да избори групна фаза во европските натпреварувања, каде што запиша победа со Линколн, реми со Динамо и шест порази. Претходната седмица „чаирчани“ беа исфрлени и во плеј-офот на Конференциската лига од Балкани, а викендов одиграа 1-1 со прилепска Победа.