Немаше дилеми дека Федерико Киеза ќе биде во долгорочните планови на екипата на Јувентус. Италијанскиот гигант очекувано ја активира опцијата за да го откупи младиот фудбалер. „Старата дама“ ќе плати 40 милиони плус дополнителни десет милиони во вид на бонуси.
Фудбалерите на Јувентус не успеаја да му се реваншираат на големиот ривал Наполи за поразот во нивната прва средба оваа сезона во Серија А и на свој терен одиграа само 1-1, во натпревар во кој „старата дама“ беше таа која имаше негатива, и на крај преку Киеза се избори само за бод.
Екипата на Челзи посакува во своите редови да го има Федерико Киеза. Лондонскиот клуб уште сега размислува за понудата која ќе ја испрати до Фиорентина.
Фудбалерите на Јувентус одиграа одличен дефанзивен натпревар, барем во првото полувреме против Челзи во дербито во Лигата на шампионите. Иако Челзи имаше контрола, не успеа да се закани посериозно, па на пауза немаше голови.
Федерико Киеза ја имаше најголемата шанса за израмнување во првиот дел за Италија. Напаѓачот на Јувентус немаше среќа и биеше силно, но само покрај голот на Џордан Пикфорд.
Вторпат на Европското првенство, Федерико Киеза е избран за играч на натпреварот, иако неговиот гол не беше единствен и победеносен во драматичното полуфинале на „Вембли“ против Шпанија.
Италијанските репрезентативци им честитаа на добрата игра на Австријците, но сметаат дека заслужено се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство. Победата од 2-1 стигна во продолжението, откако селекторот Манчини изврши двојна замена и ги внесе Киеза и Песина.