Либертадорес: Големи нереди во Бразил, уапсени над 200 фанови на Пењарол

Повеќе од 200 навивачи на уругвајскиот клуб, Пењарол, беа уапсени од полицијата пред натпреварот од Копа Либертадорес против екипата на Ботафого од Бразил

Двата тима се соочија во првиот полуфинален меч (Пењарол победи со огромни 5-0), но резултатот остана во сенка на дивеењето на навивачите кои се судрија со органите на редот. Властите во Рио Де Жанеиро изјавија дека се приведени над 200 навивачи, а кај неколкумина биле пронајдени и огнени оружја. 

Локалните медиуми пишуваат дека нередите траеле повеќе од два часа, а потоа сите уапсени навивачи биле депортирани од Бразил и ќе добијат соодветни парични казни. На мечот успеаја да влезат само стотина приврзаници на гостинскиот тим, но и тие не успеаја да ги мотивираат своите миленици кои на крајот запишаа огромен пораз.