• Зоран Мишевски

Фудбалерот на Валенсија и на корејската репрезентација до 20 години Ли Кангин е избран за најкорисен фудбалер на У20 Светското првенство, кое вечерва заврши во Лоџ (Полска). Со еден гол и три асистенции Кангин се наметна пред останатите и сосема заслужено го освои признанието и покрај тоа што Кореа не стана светски првак.
Најдобар стрелец на турнирот е Ерлинг Халанд од Норвешка со девет гола, сите постигнати против Хондурас во победата од 12-0 во групната фаза.
Украинскиот голман Андреј Лунин заслужено го доби признанието најдобар голман на турнирот. Овој чувар на мрежата минатото лето потпиша за Реал Мадрид, сезоната ја мина на позајмица во Леганес, а се предвидува дека во шампионатот 2019/20 ќе му биде резерва на Тибо Куртоа во тимот на Реал Мадрид.