Левски му порача на Ѓоко Зајков да си бара нов клуб!

Изненадувачки вести доаѓаат од Бугарија, од каде од „Блиц“ јавуваат дека тимот на Левски му порачал на македонскиот дефанзивец Ѓоко Зајков дека може да си бара нов клуб оваа зима.

26-годишниот стопер во Бугарија пристигна во текот на летниот преоден рок, а имаше солидни партии и во неколку наврати донесе важни бодови за својот тим. Беше стартер, но од „Блиц“ велат дека тренерот Станимир Стоилов донел одлука. Зајков информацијата ја добил за време на подготовките во Турција. Голема е веројатноста Зајков да престане со тренинзите со Левски и да си побара нова средина.

Желба на Зајков била да остане најмалку до лето во Левски, но сега ситуацијата се менува. Сепак, од Бугарија велат дека тој веќе имал понуди на маса.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк